Молци во орманот! Како да се ослободите


Текстилните молци се хранат со волна, пердуви, кожа, крзно, влакна, газа, хартија па дури и со памук, лен, свила и со некои синтетички влакна. Посебно ги напаѓаат материјалите кои се извалкани со храна, пијалак, пот, масло и урина. Во многу случаи нема ниту да забележите дека облеката сте ја извалкале па најдобро решение е почесто да ги перете алиштата. Во секој случај, поевтино ќе поминете ако потрошите малку повеќе детергнет од вообичаено, отколку да купувате нов џемпер или блуза. Без разлика дали сте ја носеле некоја облека само еднаш, пред да ја ставите во орманот задолжително исперете ја. Невидливите дамки од дезодоранс, стик или бело вино претставуваат вистински извор на храна за молците.

molci

Молците можат да се видат во секој период од годината, но летаат од месец мај до октомври.

Ако веќе сте откриле дека имате проблем со молците, облеката перете ја во врела вода со детергент или однесете ја на хемиско чистење. Кога ќе дојде време сезонската облека да ја сместите во орманот, држете ја во херметички затворени пластични кутиии, кеси или во дрвени кутии. Молците се развиваат под висока влажност. Поради таа причина, ако облеката ја држите блиску до бањата или прозорецот, редовно проветрувајте го просторот во кој ги држите алиштата.

Текстилните молци преферираат мрачни простори, и од таа причина орманите им се најдобро место за размножување. Ако имате празен простор кој не е добро осветлен, размислете дали тоа ќе биде местото каде ќе ја чувате облеката. Препорака е задолжително темелно да ги исчистите со правосмукалка орманите и килимите пред да преземете заштитни мерки.

За да го запрете рамножувањето на молците, ставете во орманот ампули со феромони, како и лаванда која е одлична во борбата против молците, а служи и за освежување на мирисот во орманот.

Што се однесува до средствата за отстранување на молците, нафталинот е испробан и ефикасен, но има голем недостаток – може да биде опасен за вашето здравје, а покрај тоа остава интензивен и нималку пријатен мирис на облеката. Затоа постојат алтернативни решенија. Во мала платнена вреќа измешајте малку рузмарин, ливчиња од лаванда, нане, еукалиптус, мајчина душичка и кедар. Можете и вата да натопите со неколку капки есенцијално масло од која било од овие состојки, кои се и одлични освежувачи на просториите, и доволно е само да ја закачете во орманот. Свежата мента и рузмаринот со својот силен мирис ќе ги држат молците понастрана од омилената облека. На списокот против овие ситни штеточинки додадете ја и кората од лимон. Од молците гарантирано ќе се ослободите!

ПлусИнфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1