Момче исчезна пред 5 дена: Последната порака на Твитер ги вознемири сите (ФОТО)


Полицијата ја прошири потрагата по тинејџер во Англија кој исчезнал минатиот четврток. Последната трага ја оставил на Твитер, а она што го напишал го загрижило семејството и неговите пријатели.

– Многу ми е жал што сите од кои барав помош, ми свртеа грб, напишал студентот Џејсон Фајлс (19) пред да исчезне.
news_112675Полицијата во разговор со пријателот, кој последен го видел Џејсон во Њукасл, дознала дека Џејсон конзумирал алкохол, а потоа се упатил кон куќата на Шон Пикок, кој во повеќе наврати го барал на телефон, пред да се појави пред неговата врата.

– Го видов дека е пијан и му понудив сместување. Тоа го одби и замина, рекол Пикок. Потоа уследил твитот кој ги вознемирил блиските на исчезнатиот. Откако исчезна, телефонот на момчето е ѕвони, но никој не одговара.

Семејството на Џејсон, мајката, таткото, братот и сестрата, секој ден, откако е пријавено неговото исчезнување, преку медиумите испраќаат порака:  – Џејсон, многу те сакаме, само сакаме да го чуеме твојот глас и да знаеме дека си добро.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1