Алекс Маларки (16) пред десет години доживела сообраќајна несреќа и два месеца бил во кома. Кога се разбудил, ги запрепастил лекарите и родителите со приказната дека ангел го кренал на небо и дека се сретнал со Исус и Сатаната.
Неговата приказна е прераскажана во книгата “Момчето кое се врати од рајот”, која ја напишал заедно со татко му Кевин.
Книгата е објавена 2010 година и станала многу популарна.
Момчето кое по несреќата останало парализирано, денес тврди дека се било лага. Рекол дека со приказната за заминување на небото сакал да привлече внимание. Алекс сега ги обвинува издавачите дека се богатат на негова сметка благодарение на добрата продажба на книгата, а неговите родители наведуваат дека од продажбата немаат никава корист.
“Не умрев и не отидов во рајот. До тогаш ја немав прочитано Библијата, а луѓето заработуваат од лаги”, рекол тој.
Издавачката куќа во меѓувреме ја повлече книгата од продажба.