Најголемата мистерија: Оваа радио-станица секои 4 месеца испраќа шифрирана порака, цели 40 години


Најверојатно станува збор за некоја тајна порака на руската војска, но без оглед на тоа, светските блогери и теоретичарите на завери отворија дискусија за тоа што навистина се емитува.

Мистериозната радио-станица позната под името “Buzzer” емитува еден ист сигнал и порака веќе повеќе од 40 години, точно од 1970 година. Пораката “U-V-B-7-6” е прочитана на карактеристичен руски акцент, а после неа следи серија на кодови составена од зборови и броеви за кои никој не знае ништо.radi-stanica-830x553

После читањето на самата порака, карактеристичното зуење се враќа и трае неколку месеца. Многу луѓе ја слушале пораката која “Buzzer” ја емитува, но нејзината суштина и понатаму останува тајна. Не се знае дали станува збор за некој руска воена тајна, но во прашање е можеби и атмосферско истражување.

“Buzzer” е краткобранова радио станица со непознато потекло.Иако звукот во текот на годините малку се променил, тој секогаш вклучувал карактеристично зуење, прекинато со непознат глас која ја чита пораката.

Звукот се емитува на фреквенција од 4625 kHz, и може да го слушне секој што сака. Со години се сметаше дека оваа порака се емитува од градот Поварово близу Москва, меѓутоа во септември 2010 година локација се променила. Таа сега се наоѓа некаде во западна Русија.

Тхинк.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1