Светот се тресе – Војна меѓу Грција и Турција? Што го чека светот


Во 2015 година ќе дојде до заострување на судирите помеѓу Грција и Турција околу спорните наоѓалишта на гас во Егејското море. Доколку дојде до тоа, до крајот на годината, водите северно од Кипар ќе се претворат во милитаризирани зони во пресметките на двата НАТО сојузници. Можна ескалација на овој судир ја исклучува секоја можност за изградба на терминали за природен гас на Кипар или гасовод во северноисточниот Медитеран. Од ова најмногу ќе профитира Русија, бидејќи без изградбата на овие гасоводи, зависноста од нивниот гас ќе стане уште поголема, предвидува Геополитичкиот аналитичар  Армин Росенgreece

На сите им е јасно дека Русија и САД одамна се во Студена војна, која почна со украинската криза. Кризата се продлабочи со реакцијата на Русија, која го анектира полуостровот Крим, како една од стратешкит најважните поморски точки. Рушењето на авионот на „Малезија ерлајнс“ за кој Американците ги обвинија проруските сили, додека Кремљ по истрагата дојде до заклучок дека авионот е срушен од страна на Украинците, дополнително ги подигна тензиите во ионака премногу затегнатите односи. Се покажува на тоа дека Студената војна меѓу САД и Русија не само што ќе продолжи туку и ке се зајакне.putin gas

Францускиот политички аналитичар Пјер Бенам смета дека Обама во последните години од својот мандат ќе се обиде заедно со Турција да воспостави контрола над одредени територии во Сирија, со цел да ја неутрализира Исламската држава и опасноста која од неа се заканува. Создавањето тампон зона, во која се наоѓаат ирачките специјални сили, како и воспоставувањето на зона за забрана на летови од страна на Турција, на Американските сојузници им се нуди можност за елиминирање на ИД, но и на претседателот Башар ал Асад, кого претходно безуспешно се обидуваа да го симнат со афера за наводна употреба на хемиско оружје.

 

Застојот во мировните преговори, падот на цената на нафтата, како и санкциите кои судејќи по се , ќе ги спроведуваат САД и ЕУ, ќе ја постави владата на најмладата држава во најнепогодна ситуација од основањето во 2011 година. По пресекувањата на досегашните линии за обезбедување како и поскапувањето на храната, источна Африка ќе доживее нова хуманитарна катастрофа предизвикана од глад, најголем по оној кој ја погоди Сомалија пред три години.obama

 

Со оглед на големите удари кои ги доживеа руската рубља, се очекува Ерменија да го одложи своето пристапување кон Европската царинска унија. Соединетите Држави, во оваа ситуација, ќе видат прилика да се поврзат со Белорусија и традиционалниот руски сојузник ќе се обидат да го свртат на сопствена страна. Војната во Украина ќе продолжи и во 2015 година, а Евроазиската царинска унија ќе доживее колапс, предвидува Росен.

Членките на НАТО ќе бидат принудени повторно да интервенираат во Либија, каде влијанието на Исламската држава постојано расте. Се очекува потполн колапс на централната власт, присуство на две спротиставени влади, голем број милитантни групи на чие чело стојат одметнати генерали, а ваквиот тек на нештата ќе го наведат Западот повторно да интервенира во Либија. Египет и Обединетите Арапски Емирати веќе изведоа неколку воздушни напади на положби на исламистите во Либија, а како нестабилната ситуација се заканува дека ќе го наруши мирот во околните држави, само е прашање на време кога НАТО и ЕУ повторно ќе интервенираат.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1