Момче од Пробиштип вчера било пронајдено мртво во куќа во скопско Драчево, каде престојувало привремено.
Случајот го пријавил четириесет и шестгодишен скопјанец кој го нашол безживотното тело на дваесет и осумгодишното момче.
Од страна на доктор констатирана е смрт и по наредба на јавното обвинителство телото на починатиот е предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Според неофицијални информации од Министерството за внатрешни работи, не се работи за убиство.