Мајкл Спан од САД е третиот човек на светов што ги остави лекарите без зборови. Кога имал 22 години секојдневно му течело крв од очите, носот и устата, а сега по седум години оваа појава станала поретка, но е уште му се случува.
Лекарите не успеале да откријат зошто му се случува ова и утврдиле дека неговата состојба е идиопатска, односно дека ова му се случува без никаква причина.
Мајкл е единствениот кој крвари и од очите и од ушите.Пред неколку години светот го шокираше приказната на Калвино Инман , 17 годишно момче од Тенеси кој исто така плаче крв – а лекарите не ја нашле причината зошто. Тој пак почнува да крвари од очите неочекувано и може да трае и до еден час.
” Луѓето ми викаат дека сум опседнат или дете на сатаната – крварење ми се случува цело време , на училиште, дома и во текот на ноќта.
Го чуствувам како солзи да ми навираат, некогаш пече, некогаш не го ни чуствувам се додека луѓето не почнат чудно да ме гледаат, тогаш знам и трчам во купатило. Кога се почна мислев дека умирам.
Со истите симптоми е и жена од Индија која по силна главоболка и повраќање почнала да крвари од очите – и од тогаш плаче крвави солзи.
Лекарите се во чудо – нема медицинска причина ова да им се случува на овие луѓе. Направени се снимања на главата, проверена комплетната здраствена состојба и со нив е се во ред.
„Најверојатно постои причина“, вели офталмологот Флеминг, „но тоа е мал солзен канал, со големина од само милиметар, два или три во дијаметар. Тоа е цевче. Влегувањето во тоа цевче и неговото истражување би предизвикало лузни, а можеби и губење на дел од солзниот канал.“
Мајкл е првиот што крвари и од устата и од ушите, еве што тој вели за својата состојба во анонимно интервју – бидејќи како што вели неможе да најде работа – сите кога ќе ги видат крвавите очи го бркаат и затоа не сака уште и јавно да дава интервју