Момче со „Ауди“ усмрти таксист


Дваесет и шестгодишниот Х.А. од Возарци со возило „ауди А-3“ удрил во таксистот од Кавадарци, кој утринава беше пронајден мртов покрај своето такси возило во кавадаречко, информираа од МВР.policija-skopje1-540x320

-Во периодот од 2:30 до 5:00 часот изутрина на патот од Кавадарци кон кавадаречкото село Возарци, возило „ауди А-3“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Х.А. роден 1990 година од Возарци, удрило во лицето Г.К, родено 1960 година од Кавадарци, соопштија од МВР.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1