Бараат Покемони на минските полиња во Босна


Глобалниот феномен на играта “Покемон гоу” доби бизарна димензија во Босна и Херцеговина бидејќи тамошните играчи трескавично ги бараат виртуелните ликови по цена да си го ризикуваат животот, објавија локалните медиуми.

Хуманитарната организација “Посавина без мина” предупредува дека добива сe повеќе пријави дека играчите на “Покемон” влегуваат на минските полиња и ги игнорираат јасно поставените знаци со предупредување дека преминувањето е опасно по живот, објави весникот “Независне новине” од Бања Лука.pokemoni2

“Се молат сите граѓани да не го прават тоа и да ги почитуваат поставените знаци за опасност од мини и да не влегуваат во области што не им се познати”, беше објавено на Фејсбук страницата на организацијата со седиште во Брчко.
Во Босна и Херцеговина има најмногу неактивирани мини во Европа, последица од војната што траеше од 1992 до 1995 година.

Според последните податоци од Центарот за деактивирање мини во БиХ, на повеќе од 2,3 отсто од територијата на БиХ има сомнение за неактивирани мини.

Ваквата состојба потенцијално ја загрозува безбедноста на повеќе од 545.000 луѓе, што е 15 отсто од вкупниот број на жители во земјата.

Од 1996 година наваму загинале 604 луѓе од мини поставени за време на војната.
Потрагата по покемоните стана мегапопуларна и привлекува сe повеќе луѓе и во Босна и Херцеговина, главно млади.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1