Момче тешко повредено на патеката за велосипеди на кејот на Вардар


Момче се здоби со тешки телесни повреди откако вчера, околу 20 часот удри во куче кое заедно со својата сопственичка шеташе на патеката за велосипеди и ролерки на кејот на Вардар во скопски Аеродром.

kej vardar tocak

Момчето се здобило со скршеници на лактот на десната рака како и потрес на мозокот и распукана брада.

Тој возел со својот велосипед кога на среде патека му претрчало куче. Удрил во кучето и завршил на асфалтот.
Била повикана екипа на Брза Помош која од патеката момчето го однесе во болница.

Рекреативците кои редовно возат велосипед и ролерки на патеката на кејот на Вардар коментираат дека не е прв пат да се случи ваква незгода. Тие апелираат до сите рекреативци кои не возат велосипеди или ролерки да ја користат горната патека или земјената патека веднаш до Вардар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1