Нови цени на бензините од полноќ


Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати по кои од полноќ ќе полниме гориво во нашите автомобили. Во моментов цената на суровата нафта на светските берзи бележи надолен тренд.

Во петокот, американската лесна нафта на берзата во Њујорк поевтини за половина долар и за испорака во август се продаваше по цена од 53,33 долари за барел.benzin_resize

62 центи поевтини нафтата на берзата во Лондон и во петокот се продаваше за 59,23 долари за барел. Токму цените на лондонската берза се значајни за Македонија, бидејќи регулаторот врз основа на нив, ги креира малопродажните цени.

Ако се има предвид дека на 29 јуни, кога последен пат се формираа цените во Македонија, барел нафта се тргуваше за просечна цена од 62,4 долари, за очекување е да следи намалување на цените и во земјава.

Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 и ЕУРОСУПЕР БС 90 се продаваат по цена од 71 односно 73 денари по литар, додека цената на дизелот изнесува 55 денари за еден литар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1