Момче задавил жена на Детска клиника и се заканувал дека ќе скокне од кровот и ќе се убие


Осомничен за убиство бил симнат од кров на клиниката за Педијатрија. Со него неколку часа преговарале Алфите и преговарач од ЕСЗ тигри.policijavonl

Од МВР велат дека во 20,40 ч. од обезбедувањето во Детска Клиника добиле дојава дека на кровот од Болницата има НН машко лице кое сака да се фрли од кровот. Во негова непосредна близина има женско тело кое било во бесознание. На лице место дошле Алфите и се обиделе да ја реанимираат девојката, но таа не давала знаци на живот. Таа на кровот била давена од страна на машкото лице со  кое се претпоставува дека била во љубовна врска.

Мажот се заканувал дека ќе се фрли доколку види униформиран полицаец. Според информации од МВР машкото лице кое сакаше да изврши самоубиство со фрлање од кровот на објектот, е симнато од страна на Алфите и преговарачот од ЕСЗ. Според информации од МВР, „Република“ јавува дека се работи за лицето Никола Кузмановски р. 17.10.1992 од Петровец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1