Семејството на младиот Иле врз кого ноќеска беше извршена успешна трансплантација на срце, изрази сочувство и огромна благодардност до семејстсвото на починатата Верица Белчовска, без чиј хуман гест, животот на Иле немаше да може да биде спасен, пренесува Досие.мк.
„Најпрво од сѐ, сакаме на семејството на младата Верица Белчовска да му изразиме сочуство за големата загуба. На ова семејство сме му бескрајно благодарни, зашто без нивната голема хуманост, немаше да може да му се помогне на мојот син Иле, кој од јануари е во исклучително тешка состојба. Благодарни сме и на целиот тим кој ја изврши трансплантацијата на чело со др Сашко Јовев“, изјави попладнево Цветко Стрезоски од Брвеница, татко на Иле кој со семејството цела ноќ беше во исчекување, а денеска го посети синот.
Стрезоски рече дека поразговарале со Иле, тој рекол дека се чувствува добро и од нив побарал да се напие ладен чај.
Инаку, лекарскиот тим кој ја изврши трансплантацијата на срце, попладнево соопшти дека за Иле единствениот спас беше да добие срце бидејќи сите други опции не биле изводливи, имајќи предвид дека неговото срце имало капацитет за пумпање на крв од само десет проценти.