Алисон Паркер, новинарката која брутално ја уби нејзиниот поранешен колега во текот на емисијата која се емитуваше во живо, штотуку наполнила 24 години.
Планирала венчавка со колега од ТВ станицата. Во текот на јавувањето во живо во утринската програма, поранешниот колега наишол и одеднаш започнал да пука.
Во крвавиот поход на Вестер Фланаган убиени се Алисон и снимателот Адам Вард (27), а ранета е и нивната соговорничка Вики Гарднер.
Најмалку осум куршуми биле истрелани.
Крис Хертс, водител во истата ТВ станица, на твитер објавил дека тој и Алисон криеле од јавноста дека се заедно веќе девет месеци и планирале венчавка. Исто така додал дека неодамна се свршиле и водителката се преселила во неговиот стан.