Кумот му ја силувал ќерката (11) – Очајниот татко: Жалам што не го убив!


Милорад Н. од српско село, се шокирал кога ја видел својата 11-годишна ќерка во кревет со кумот.

„Не ме прашувајте како сум! Се трудам да останам нормален поради се што ми се случи, но не знам како ќе продолжам понатаму… Ќерка ми сеуште не сум ја видел“, изјави Милорад за српски Курир.siluvac pedofil

Очајниот татко не може да дојде при себе кога го видел својот кум Милутин како ја силува неговата ќерка.

„Тој човек ме венча и ми ја крсти ќерка ми. Никогаш помеѓу нас немало лоши зборови. Никогаш не сум се сомневал дека нешто лошо може да му направи на моето дете. Сеуште сум во шок. Не знам како преживеав“, раскажува таткото и додава дека кумот бил поврзан со неговата ќерка, но не се сомневал дека меѓу нив нешто се случувало.

Според неговите зборови кумот во саботата бил кај нив. Милорад отишол до продавница да купи пива, па кога се врати го затекна кумот и неговата ќерка на гарнитурата.

„Беа до половина покриени со ќебето, нејзината глава била на неговиот стомак. Според нивното однесување сфатив за што станува збор. Тие не ме забележаа кога излегов од куќата. Ја повикав поранешната сопруга и се и кажав. За брзо детето и кумот излегоа од куќата“, изјави Милорад.

Инаку очајниот татко се кае што во тој момент се воздржал што не го убил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1