Момчиња јаделе семе од цвеќе за да имаат халуцинации – завршиле во болница


Две момчиња од Јагодина биле примени во болница откако го пробале семето од цветот на ладолеж. Тие на лекарите им рекле дека тоа го направиле поради досада и дека сакале да пробаат нешто ново и интересно во животот. Кога ги донесоа кај мене, даваа знаци на труење, но делуваа како да се под некое дејство на пијанство.

cvekje halucinaciiНа почетокот не сакале да ми кажат за што се работи, но по долг разговор, дечките рекоа дека конзумирале семе на ладолеж. Станува збор за одлични ученици, кои добро ја познаваат хемијата и биологијата. Тие го пронашле хемискиот и билошкиот состав на семето на ладолеж. Го сомеле и го изеле семето“, вели невропсихијатарот доктор Владимир Радојковиќ.

Познатиот неуропсихијатар од Јагодина, вели дека во неговата каирера како лекар и судски вештак, не видел сличен случај.
„Погрешен е родителскиот принцип на она дека, се сум ти пружил и твое е само да уживаш, затоа што јас не сум можел. Се одзема самата смисла на децата на тој начин. Младите луѓе имаат многу чуден став.

Во разговор дознав дека нивното мерило на парите, односно лимитот за кои тие би работеле е 50,000 динари, додека 40,000 им е премалку. Платата од 60,000 динари, како што сметаат носи голема одговорност. Се разбира за плата од 500 евра не ни размислуваат и таква работа не би прифатиле“, вели Радојковиќ.

Тој вели дека кај младите владе апатија, но се добро информирани и знаат што не подлежи на кривична одговорност.
„Денес ситуацијата во многу семејства е тешка. По неколку генерации живеат од пензиите на најстарите во домаќинството. Ова предизвикува фрустрација. Имаме многу послушни деца кои умираат во незнаење на нивните родители. Но овој пример на две момчиња зборува за добрите ученици и послушните деца кои имаат вистински проблеми од досада, апатија“, вели доктор Радојковиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1