Две жени од Охрид ги бараа храбрите момчиња од Штип, кои минатата сабота спасиле пет животи. Патувањето до Охрид на овие две жени им се претворил во вистински кошмар на планинскиот превој Плетвар, пренесува Тв Ирис.
Возилото во кое биле двете пријателки и нивните три деца одеднаш се запалило. За среќа застанале две возила со штипски регистарски таблички, кои ситуацијата успеале да ја стават под контрола. Двете жени во паниката ниту ги прашале како се викаат, ниту пак успеале да им се заблагодарат. Единствен начин за поврзување со нивните јунаци им била телевизијата.
Момчињата го вифеле прилогот и се јавиле – погледнете го видеото
Видео – тв Ирис