МОНСТРУМ: 10-месечно бебе почина откако очувот го претепал и силувал


Девојчето Емалеј, старо само 10 месеци, почина во болница откако очувот брутално го претепал и силувал.

Полицијата во Западна Вирџинија го привела 32-годишниот Бенџамин Тејлор поради сомневање дека ноќта помеѓу неделата и понеделникот во подрумот на куќата брутално го претепал, а потоа и силувал десетмесечното бебе на неговата девојак Аманда.bebe bolnica

Во моментот на злосторството во куќата имало уште три деца.

Аманда бебето, голо и целото крваво го пронашла во подрумот на куќата околу 5 часот утрината и веднаш повикала полиција и Брза помош. Тејлор прво тврдел дека бебето го држел во раце додека ја уклучувал машината за перење алишта и дека изгубил свест, пишува Дејли Меил. Меѓутоа, кога полицијата стигнала на местото на злосторството, го фатила Тејлор како се обидува да ја избрише крвта од препоните.

– Глетката беше страшна. Никогаш нешто волку потресно не сме виделе, рекол еден од полицајците кои вршеле увид.

Несреќното девојче со многу повреди на главата и органите веднаш е транспортирано во болница каде починало.

Полицијата веднаш го уапсила Тејлор, кој веќе имал кривично досие. Тој бил условно осудуван поради кражби и физички напади. Моментално се наоѓа во притвор и му е одредена кауција од два милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1