Монструм: Киднапирал жени и деца – мајка ја принудил да гледа како им ги силува синот и ќерката (ВИДЕО)


За време на судење на Џозеф Мекен , осомничен сериски силувач, беше посведочено дека врзал жена и ја принудил да ги слуша врисоците на нејзиниот син и ќерка додека ги силува.

Мекен, од Хароу, северен Лондон, се приближил до полицајците по ова признание и му рекол : „Ако ме фатевте за првите две силувања, останатите немаше да се случат“.

Мекен (34) е обвинет за силување, сексуална злоупотреба и киднапирање на 11 жени и деца, на возраст од 11 до 71 година. Тој ги изврши овие напади помеѓу 20 април и 5 мај годинава низ Лондон, Манчестер, Ланкашир и Чешир.

Во текот на вториот ден од судењето, јавноста дозна дека Мекен бил уапсен на 6 мај. Поточно, еден ден пред тоа се сретнал со мајка на две деца во еден бар во Хаслинген и се возел со неа до нејзината куќа. Кога стигнале таму, тој ја врзал со жица за креветот.

Потоа ги разбудил 17-годишната ќерка и 11-годишниот син и ги силувал и двајцата во соседната соба. Ќерката некако успеала да избега и да скокне гола низ прозорецот и да повика полиција од куќата на соседите.

Потоа Мекен го напуштил нивниот дом, киднапирал пензионерка на 71 годишна возраст и ја принудил со нејзиниот автомобил да го вози наоколу додека барал нова жртва. Тогаш, тој грабнал 13-годишно девојче и ја присилил жената да го преземе воланот додека сексуално ја злоставувал тинејџерката.

На денот на неговото апсење, тој застанал на бензинска пумпа за да купи кондом, бидејќи киднапирал две тинејџерки и имал намера да ги силува. Кога го забележал полицискиот автомобил, удрил со своето возило во друг автомобил и излегол и почнал да бега , додека тинејџерите останале во автомобилот.

Тој при бегањето украл велосипед и се обидел да и избега на полицијата, но наскоро бил уапсен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1