„Монструм“: Табличките на Опел омегата се од Мерцедес во сопственост на Арачиновец


во Кривичниот суд, за време на судењето за случајот „Монструм“, двајца вештаци ги презентираа резултатите од примероците земја земени од местото кај Смилковското езеро и местото Вражји вир, каде беше пронајдена Опел омегата. Тие зборуваат и за потеклото и сопственичката структура на возилото.

smilkovskoКако што информира Академик, вештаците посочиле дека македонските регистерски таблички на „Опел омегата“ се оригинални, но му припаѓаат на возилото Мерцедес, чиј сопственик е од Арачиново, и кој последен пат го регистрирал во 2005 година во Македонија. Сепак вештакот не даде прецизен одговор кој е последен сопственик на ова возило, туку посочи дека возилото не е регистрирано во Македонија, а преку Интерпол може да се пронајде движењето на сопственичката структура на возилото.

На денешниот главен претрес двајца вештаци зборуваа за примероците земја земени од местото кај Смилковското езеро и местото Вражји вир, каде беше пронајдена Опел омегата и за потеклото и сопственичката структура на возилото.

Уште еднаш вештаците потврдија дека земјата која се наоѓа на патосниците на „Опел омегата“ и калниците се совпаѓа со земјата околу Смилковското езеро.

Одбраната бараше детални одговори околу компаративниот метод за утврдување на хемиските елементи во примероците на земјата која се вештачела.

Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута се седуммината обвинети за тероризам поради петкратното убиство кај Смилковското езеро што се случи на 12 април 2012 година. По 20 дена, полицијата ги уапси обвинетите, а обвинителството потврди дека постојат цврсти докази за убиството. Обвинетите сакале да влеат страв кај македонското население со цел да се загрози безбедноста на земјата, стои во обвинението.

Македонските власти чекаат на екстрадицијата на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кој во моментов се наоѓаат во екстрадиционен притвор во Приштина.

Извор: Академик.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1