Владата дава по 5.000 евра за старт на добар бизнис


Повеќето млади во Македонија по дипломирањето првото работно место го гледаат во јавната администрација, а само десетина проценти се обидуваат да почнат свој бизнис. Според министерот за економија Ваљон Сараќини, овие состојби може да се променат доколку младите своите идеи ги преточат во добар бизнис-план и со субвенции од државата од 5.000 евра да почнат бизнис.

stan pari kukjaГодинава за Програмата за поддршка на претпримништвото се одвоени 6,8 милиони денари, а за најдобриот бизнис-план студентите и младите ќе добијат по 5.000 евра за почнување бизнис.
– Доколку се прашувате дали овие средства се доволни ќе ве упатам на податокот дека во САД 85 отсто од најуспешните компании почнале да работат со помалку од 5.000 евра – посочи министерот за економија.

Рокот за аплицирање со бизнис-идеи истекува на 25 овој месец. Лани, според Сараќини, искуствата од реализацијата на програмата се позитивни. Наградени се четири бизнис-идеи на база на кои се отворени фирми и се вработени повеќе лица.
Годинава министерот очекува поголем интерес, како и поддршка од универзитетите преку помош на студентите во изготвување на бизнис плановите.
-. На крајот на мај годинава бизнис-идеите ќе бидат претставени пред стопанските комори, најави Сараќини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1