КООРДИНАТОР ЗА БАРАЊЕ НЕВЕСТИ ЗА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА


И општина Лозово ќе ги наградува старите моми и ергени ако се омажат или оженат. Дваесет илјади денари  е подарокот од општината, а вработување, бесплатни лекарски прегледи до првото новороденче  и 50 литри ракија и 100 литри вино за свадбената веселба, од фирмата Зегин ќе добие секоја мома над 35 и ерген над 40 години кој од денеска ќе стапи во брак во Лозово. За одлуката на советот се пофали градоначалникот, кој е загрижен што во 11 села во општината има вкупно 98 стари ергени и 8 стари моми, јавува Телма.

LOZOVO_GRADONACALNIK14– Голем проблем е со ергените, но има и моми кои не се мажени па поради тоа, сакаме да го поткренеме наталитетот и се решивме за една ваква мерка. Мислам дека со ова ќе поттикнеме да се склучуваат повеќе бракови, а доколку се случи и двајцата младенци да се од нашата општина а да ја надминуваат границата во години тогаш ќе следува помош само за еден од нив, рече Орце Цветковски, градоначалник на Лозово.

Tој не очекува злоупотреби на мерката, а како доказ општината ќе бара венчаница. Потенцира дека тој има искуство во ова бидејќи веќе посредува за старите ергени да добијат невести од Албанија што чини повеќе од 700 евра.

– Јас се занимавам со овој проблем веќе четири години. Кога видов какви проблеми имаат мои лични роднини како што се мојата балдза и прв братучд кои беа змногу загрижени за нивните синови се одлучив да им донесеме невести од Албанија. Кога видов колку се тие среќни си земав обврска да бидам на некој начин координатор за Источна Македонија, ги известив сите мои колеги ако има некаква потреба за контакт дека им стојам на располагање. Ќе најдеме невести и за ергените, па ако треба и момчиња за момите иако се помалку, вели  Цветковски.

Тој како што вели ова го прави од хуманитарни причини и нема никаков ќар за него. Инаку Лозово е втората општина после Свети Николе која започна да субвенционира бракови за повозрасните немажени или неженети жители.

Telma

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1