Неидентификувана жена се обидела да обеси едногодишно дете во градинка во Минеаполис, по што се обидела да побегне со комбе.
За време на бегството прегазила две лица.
Асистентот на шерифот Крис Андерсон изјави дека родителите на детето стигнале на време за да го спасат.
Според неговите зборови, осомничената била вработена во градинката.
Откако со златно комбе удрила пешак и велосипедист, продолжила да вози, но ја застанале случајни минувачи на мост од кој се заканувала дека ќе скокне.
Жената моментално се наоѓа во притвор, додека велосипедистот претрпел сериозни повреди.
„Не знаеме што се случило со неа. Во тој момент во градинката се наоѓале уште 6 дечиња“, изјави полицискиот службеник.