Познатата пејачка ја загуби битката со ракот


Соул пејачката и лидер на Dap-Kings, Шерон Џонс почина во шеесетата година од својот живот.seron-dzons-640x426

– Со длабока тага соопштуваме дека Шерон Џонс почина по херојска битка со рак на панкреасот, изјави Џуди Милер Силверман, претставничка на пејачката. Таа беше опкружена од најблиските, вклучувајќи ги и Dap-Kings.

Изведувачката со моќен глас работеше како помошен вокал пред формирањето на Dap-Kings на почетокот на овој век.

Во 2014, ја доби својата прва Греми номинација за нејзиниот албум „Give the People What They Want“ (Дај им на луѓето тоа што го сакаат).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1