Монструмот кој ѕверски ја уби мајка си: „Ме родила за да ја убијам!“


-Ја удирав по лицето додека крвта не и ги затвори очите и додека мрдаше. Остана во локва крв на креветот кога излегов. Мислев дека ќе преживее зошто ова не е првпат да ја тепам. Всушност, ме роди за да ја убијам, ваков исказ даде 50-годишниот Млаѓа Ѓуриќ од село Извор кај Параќин, кој е уапсен поради убиството на неговата мајка 85-годишната Миља Тодоровиќ.

Соседите вела дека убиецот живеел во семејната куќа заедно со мајката.sinot-majkata500

-Татко му одамна умре, а двете сестри помлади од него се мажени во родното село, а постарата работи во Австрија. По распадот на цементарата во блискиот Поповац, каде работел како чувар, Млаѓа зел отпремнина и се вратил во селото, раскажуваат мештаните и додаваат:

– Тие имаат голем имот, но Млаѓа не сакаше да работи. Времето го поминуваше во кафеана.

Според нивните зборови, Млаѓа во саботата целото време го поминал во кафеана.

-Тргна утрото по леб, па заседна во кафеана. Мајка му го чекаше за појадок, а откако не дошол, таа тргнала да го бара. Го нашла во кафеана и го повика да дојде дома, но тој одби, па сама купила леб во продавницата и се вратила, вели соседот.

Во раните попладневни часови Млаѓа пијан се вратил дома. На полциијата и објаснил дека до смрт ја претепал мајката.

-Ми досади постојано да доаѓа по мене во кафеана. Кога дојдов, од вратата и реков: „Нема ти повеќе да ме следиш“ и почнав веднаш да ја тепам. Бев поднапиен, но и бесен што ме посрамоти пред другарот. Ја удрав по главата и телото додека раката не ми помодре и отече. Крвта шиштеше по ѕидовите над нејзиниот кревет. Со крв се направи и лебот со кој ме чекаше за ручек, раскажа Ѓуриќ.

По злосторството тргнал кон излетничкото место Сисевац, каде преноќил, а утредента се вратил дома.

– Мислев дека е жива. Кога се вратив видов дека муви кружат околу неа, и сфатив дека е мртва. Ме родила и чувала со години и внимаваше на мене по смртта на татко ми. Никогаш не крена рака на мене, а јас ја убив. Сега се каам и не се каам, рекол Ѓуриќ кога во неделата попладне влегол во полиција.

Погребот на убиената жена е денеска, на истиот датум кога пред 85 години се родила. Судбина, велат соседите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1