Жена, за која се покажало и дека е бремена, била најдена мртва со пресечено грло во стан во Париз во петокот, додека нејзиниот партнер бил оставен во критична состојба, јавија француските медиуми.
Електрична брусилка била пронајдена покрај нивните тела.
Полицијата ги нашла во стан на Ру де Бу, во 20 –тиот арондисмент, во источниот дел од Париз.
Жената била неколку месеци бремена, а според бројните извештаи во француските медиуми, жената имала многу рани по телото.
Нејзиниот партнер, исто така имал пресечено грло, но преживеал. Бил ранет и во стомакот.
Тој бил во критична состојба, а од станот пожарникарите го изнеле преку прозорецот со помош на јажиња.
Според Le Parisien, електрична брусилка била најдена до нивните тела.
Останува нејасно дали во случајот се има вмешано и трето лице, но според извештаите на полицијата, двојката имала историја на семејно насилство.