Зошто ме спасувате, зошто не ме оставивте да умрам. Вака според очевидци на настанот заборувал битолчанецот Никола Мирчевски (67) додека траела акцијата за негово спасување кога самозапален и со автомобил-бомба удрил во столбот пред влезот на Основниот суд во Битола, пишува Деневник.
– Слушнавме лелек и зборови „зошто ме спасувате, зошто не ме оставевте да умрам“. Мора да беше многу јак човек кога по сите повреди, успеа да се исправи на нозе, се потпре на вратата и излезе од возилото. Имаше стравотни повреди на главата, лицето му беше јагленосано, очите не го служеа. Глетката беше морничава – велат очевидци
Битолчанецот Мирчевски на ваков самоубиствен чин се одлучил токму на денот кога требало да се јави во затвор за издржување затворска казна од 10 години и шест месеци за полов напад врз малолетната внука. Тој до последно тврдел дека е невин