Морничави звуци сеат страв – што се случува околу Светскиот трговски центар (Видео)


Морничавите звуци кои допираат од правец на Светскиот трговски центар 1 не им даваат мир и полека им втеруваат страв во коски на жителите на Њујорк кои живеат во овој дел на градот.

Невообичаеното завивање што го произведува ветрот, прв пат се слушнало за време на ураганот Сенди.

one-world-world-center-260x173„Живеам на неколку улици од зградата и прв пат вакви звуци кои будат немир слушнав за време на ураганот Сенди“, рекол Кени Кјумингс.
Минатата година на денот на терористичките напади, 11 септември, на местото на кулите близначки беше подигната нова кула. На местото Гранд зеро се градат вкупно седум облакодери.

„По ураганот можеше уште еднаш да се слушнат вакви звуци, беше зима. Верував дека по завршувањето на објектите и затворањето на конструкцијата протокот на воздух ќе биде пренасочен“, изјавил Кјумингс и продолжува:

„Беше среда, 3 часот наутро, ме разбуди слаб звук. Овој пат беше поинаква бојата на звукот. Прво не бев сигурен за што станува збор, на набрзо сфатив дека доаѓа од Светскиот трговски центар. Сигурен сум дека сите од овој дел на Менхетн го слушнале истото. Звучеше морничаво“, додава тој.
Други пак сметаат дека овие звуци што личат како човек да завива ги предизвикува ветрот што струи низ кулите кои се уште не се завршени, Светски трговски центар 1 и 7.

„Истото го слушнав минатата среда. Не можев да спијам од што ме лазеа морници“, велат и други жители на Њујорк, а пренесуваат американските медиуми.

Светскиот трговски центар 1 треба да биде отворен во 2014 година на северозападниот агол на локацијата на трговскиот центар со околу 278 илјади метри квадратни деловен простор, а ќе има 104 ката плус пет под земја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1