Велигденски шок за четворица верници од Штип. Враќајќи се од црква во еден часот по полноќ, тие доживеале нешто неверјатно, објави ТВ Стар.
„Се враќавме од црква. Сопругот одеше покрај реката и одеднаш рече дека некој оди до него, му дише во вратот, а околу нас немаше никој. Потоа ги оставивме свеќите на бехатонот и одеднаш силен оган колку половина метар се крена нагоре. Кога тргнавме кон него, оганот сам од себе се угаси“ вели штипјанката за телевизијата.
На штипјаните им биле потребни неколку дена да се соземат и она што го доживеала да го кажат.