Во Папуа Нова Гвинеја човек кој е окарактеризиран како вампир е уапсен откако наводно ја убил неговата мала ќерка гризејќи ја за врат, јадејќи го нејзиното месо и пиејќи ја крвта, пренесуваат локалните медиуми.
Случајот го забележале две момчиња кои се качувале на кокосово дрво, па веднаш се симнале и истрчале да кажат. Кога тие довеле помош, девојчето веќе било починато,а телото и било фрлено во грмушките.
Како што пренесува АФП, во Папуа Нова Гвинеја случаите на вампиризам не се ретки.