vampir11Локалниот полицаец, Џон Кени, еден од првите кои стигнале на местото на настанот, за медиумите изјавил дека тригодишното девојче и нејзината мајка биле да го посетат таткото кога тој го грабнал девојчето и го одвел во блиските грмушки.Кени рекол дека човекот го гризел девојчето за вратот и го јадел месото и и ја пиел крвта.

Случајот го забележале две момчиња кои се качувале на кокосово дрво, па веднаш се симнале и истрчале да кажат. Кога тие довеле помош, девојчето веќе било починато,а телото и било фрлено во грмушките.

Како што пренесува АФП, во Папуа Нова Гвинеја случаите на вампиризам не се ретки.