Морничаво убиство во Германија: мајка си отрула пет деца со апчиња (ВИДЕО)


Во германскиот град Золинген 27-годишна мајка си ги отрула петте деца пред да се обиде да се самоубие фрлајќи се пред воз во движење.

Таа се фрлила на пруга во Дизелдорф, малку повеќе од 30 километри од станот каде ги отрула децата. Полициски извори наведуваат дека децата биле отруени со таблети.

Германската полиција ги пронашла вчлера телата во зградата во Золинген.

Три девојчиња од по 2 и 3 години, како и две момчиња на возраст од 6 и 8 години починале.

Шестото, најстарото дете, 11-годишно момче, е на безбедно и го чуваат роднини, пренесува порталот Индекс.

Локалните медиуми јавуваат дека 11-годишното момче отишло со својата мајка кај баба му, а мајката излегла на станица во Дизелдоф и се фрлила под воз.

Полицијата вели дека бабата се јавила во 4 часот и се упатила во нивниот стан. И работниците на итните служби биле трауматизирани од она што го пронашле во станот, Се обиделе да ги реанимираат децата, но било предоцна.

Портпаролот на полицијата Штефан Вејанд рекол дека станува збор за трагична ситуација и додал дека мајката се уште е во состојба на испитување.

„Не знаеме како, ни зошто се случило сето ова“, рекол Вејанд.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1