Москва протера грчки диплoмати


Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало на разговор грчкиот амбасадор во Москва, Андреас Фриганос.

Во соопштението на министерството се наведува дека на амбасадорот Фриганос му бил пренесен одговорот на Русија на „непријателските активности што Атина ги изврши во текот на јули“.

Грчките власти минатиот месец протераа двајца руски дипломати и на двајца други им забранија влез во земјата, обвинувајќи ги дека се обиделе да поткупат официјални лица и дека ги поттикнувале протестите во Грција против договорот со Македонија.

Во соопштението на министерството не се соопштени никакви детали за „рускиот одговор“, но руските медиуми наведуваат дека како реципрочна мерка Русија решила да протера двајца грчки дипломати, чии имиња не се наведени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1