Објавена снимка од стравотната експлозија во Болоња (видео)


Италијанската полиција објави снимка од стравичната експлозија во близина на Болоња, во која загинаа две лица.

Потсетуваме, два камиони се судрија во понеделникот на автопатот во близина на аеродромот во Болоња, во северна Италија, исфрлајќи во воздух огнена топка и бранови од црн чад.

Во несреќата загинале две лица, додека повеќе од 60 се повредени, јавуваат локалните медиуми.

Италијанските медиуми јавуваат дека камионот натоварен со автомобили се судрил на мостот со цистерна која пренесувала запалив материјал.

Дел од мостот се срушил, а експлозијата и пожарот се пренеле и на паркиралиштето под мостот, каде неколку автомобили се запалиле и експлодирале.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1