МОСТ ќе ангажира 3.500 набљудувачи за локалните избори


Во функција на спроведување фер и слободни избори во Република Македонија, Граѓанската асоцијација МОСТ објави дека започнаа активностите за набљудување на изборниот процес. За набљудување на Локалните избори 2013 и денот на гласањето ќе бидат ангажирани повеќе од 3.500 набљудувачи, на целата територија на Република Македонија.

makedonijaМОСТ ги повикува граѓаните, лично, најдоцна до 2-ри март, да се пријават во 18-те регионални канцеларии, низ целата држава. Регионалните канцеларии на МОСТ за граѓаните ќе бидат отворени од 10 до 18 часот. Податоците со контакт информации за регионалните канцеларии ќе можат да се пронајдат на интернет страната на МОСТ.

За пријавените граѓани, појаснуваат, ќе биде организирана специјална обука, а истите потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи. Заради сеопфатна оценка за текот на изборите, набљудувачи на МОСТ ќе ги следат и текот на предизборната кампања, работата на изборните органи, предвременото гласање, како и процесот на жалби и поплаки.

Набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација „МОСТ“ може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои во рамки на „МОСТ“ веќе имаат набљудувано избори.

Во насока на подигнување на свеста на граѓаните за нивните права и граѓански должности за проверка на своите податоци во Избирачкиот список, Граѓанската асоцијација МОСТ упатува јавен повик до сите граѓани да ги проверат своите податоци на интернет страната на http://izbirackispisok.gov.mk. На овој начин граѓаните ќе имаат можност да се проверат и во законски пропишаниот рок, до 9-ти февруари, доколку за тоа има потреба да побараат промена на нивните податоци во Избирачкиот список. Промената може да се изврши во подрачните единици на Државната изборна комисија.

Граѓанската асоцијација „МОСТ“ досега има набљудувано девет изборни процеси на национално ниво, а членови на организацијата биле дел од голем број меѓународни мисии за мониторинг на избори. При спроведување на своите активности, како партнер на ОДИХР и како член на Европската мрежа на организации за набљудување на избори (ЕНЕМО), „МОСТ“ работи според меѓународните стандарди за непристрасно, објективно и навремено известување.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1