Научната заедница со години му се потсмеваше на изумителот Роџер Сојер, кој тврдеше дека создал мотор за вселенски возила кои не користат гориво. Неговиот „ЕмДриве“ од целата научна јавност беше прогласен за невозможен, затоа што неговата работа ги крши сите познати закони на физиката
Неговиот потисник наводно користи виртуелна плазма со квантен вакуум, така што ги „одбива микробрановите во затворен простор“.
Микробрановите ги произведува струја која може да се добие со сончева енергија, а потисникот не користи никакво гориво.
Насмевката на научниците беше заменета со чудење, откако два угледни тима на НАСА успеаја да го изградат ЕмДриве и констатирале дека работи.
Група кинески научници го изградиле ЕмДриве во 2009 година, кој произведувал 720 мН. Сега НАСА во напредна лабораторија успеа да го повтори нивниот успех. Изградиле сличен потисник кој работи на истиот принцип.
Нивниот модел произведува 0.3мН, но секако докажува дека моторот работи. Ниту самите не знаат како, но потврдија дека работи.
-Тестовите покажаа дека потисникот произведува сила која не можеме да ја препишеме на ниту еден познат електромагнетен феномен, и потенцијално демонстрира интеракција со виртуелната плазма на квантниот вакуум, стои во соопштението на НАСА.