Моторџијата кој го усмрти Бошко има само 18 години


Осумнаесетгодишниот Е.Б. од Скопје синоќа со својот мотоцикл „сузуки“ го прегазил сега веќе покојниот 76-годишниот скопјанец Бошко С., извести денеска полицијата.

Засега се знае дека околу 20 часот на необележан пешачки премин спроти Олимписки базен, Бошко С. се обидел да го мине булеварот. Во еден момент, во него удрил мотоциклот кој го управувал Е.Б., а зад него седел неговиот другар, 25-годишниот М.У. од Скопје.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

Од силината на ударот, Бошко С. излетал два метра, паднал на асфалтот и веднаш починал. Возачот на мотоциклот и другар му излетале и задобиле повреди. Минувачи повикале полиција и Итна помош. Двајцата повредени веднаш биле пренесени во Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Поради сериозноста на повредите, возачот на мотоциклот е пренесен на скопските Клиники каде е задржан на лекување, а неговиот другар е хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“.

Сведоците на несреќата на полициските иследници и на заменикот јавен обвинител кој извршил увид им изјавиле дека наводно моторот се движел со голема брзина. Од силината на ударот, тројцата одлетале и по неколку метри, а моторот лизгајќи по асфалтот запрел на другиот крај на булеварот.

Од полицијата велат дека се чека на мислењето на јавното обвинителство дали и против кого ќе биде поднесена пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1