Можеби цел живот сте виножито дете, а тоа да не сте го знаеле.
Дете виножито е бебе родено по неколку спонтани абортуси или мртвородени деца.
Така се викаат, бидејќи таквите деца доаѓаат како виножито после невреме.
По тажното губење на детето, се раѓа виножито, односно насмевката на новороденчето кое се изборило за живот.
Личниот блог на една мајка која поминала низ неколку загуби, ги обедини жените ширум светот кои имале проблеми со бременоста.
Оваа тексашка мајка со една фотографија успеа да ја раскаже оваа неверојатна приказна.
Седум жени ги држат децата во раце. Секое од нив е едно виножито за своите родители.
Токму оваа фотографија покрена цело движење на мајки кои се соочиле со вакви загуби, а отворени се многу форуми за нивна поддршка.