ЕВЕ ЗА ШТО И КОЛКУ ЌЕ СЕ КАЗНУВА – Листа на глоби за сообраќајни прекршоци според НОВИОТ закон


Казните се зголемени, но и се воведени нови обврски како детско седиште, шлем и рефлектирачки елек за велосипедистите и слично. Следува листата на глоби зспоред новиот закон:policija soobrakjajna

Пропуштање пешаци на пешачки премин – Предвидена е глоба во износ од 200 евра 

Сигурносен појас –  глоба во износ 40 евра / 25 негативни бода. За сопатниците глоба во износ од 50 евра

Користење на мобилен телефон – глоба во износ од 45 евра25 негативни бода.

Лицето кое се превезува со возилото не смее да го попречува возачот на начин кој би го намалил неговото внимание во спротивно е предвидена глоба од 50 евра.

Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Предвидена е глоба во износ од 50 евра.

На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри/час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел.

Глоба во износ од:

  • 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.
  • 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.
  • 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина
  • 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода , на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.

Зголемена брзина надвор од населеното место

На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:

  • 130 km/h на автопат;
  • 110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
  • 90 km/h на други патишта.

Возачот кој при свртувањето на возилото пресекува велосипедска патека или лента, е должен да ги пропушти велосипедите, велосипедите со помошен мотор, мопедите, трициклите и лесните четирицикли што се движат по велосипедската патека или лента. Во спротивно е предвидена глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.

Возачот не смее да престигнува друго возило кое се приближува кон обележан пешачки премин, кое преминува пешачки премин или кое застанало заради пропуштање на пешаци на тој премин.(Во спротивно е предвидена глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеци).

Звучни и светлосни сигнали за предупредување

Возачот е должен да употреби звучен знак за предупредување кога тоа го бараат причините на безбедност на сообраќајот. Звучниот знак за предупредување не смее да се состои од низа тонови од различен интензитет при што возачот е должен давањето на звучен знак за предупредување да го сведе на неопходна мера. Во спротивно е предвидена глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода.

Запирање и паркирање

Возачот односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите. На јавен пат, на места односно на простор наменет за запирање и паркирање на возила, како и на посебно уредена сообраќајна површина наменета за движење на пешаци и велосипедисти, забрането е да се остават возила кои заради оштетеност односно дотраеност, не се употребуваат во сообраќајот (хаварисани, напуштени возила, камп приколки и слично), како и други предмети со кои се попречува одвивањето на сообраќајот и се загрозува животната средина.

Предвидена е глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност , односно регистрирање на 25 негативни бода)

Употреба на светла во сообраќајот

Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Предвидена е глоба од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност односно се регистрираат 15 негативни бода.

Комплетната листа на сите казни погледнете ја на ПРАВДИКО.МК

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1