МПЦ ги покри трошоците за погребот на Иван


МПЦ и скопската Епархија ќе се погрижат за погребот на младиот Иван (16) кој вчера беше прегазен кај Католичка црква. Тие веќе исконтактирале со погребалното претпријатие кое ќе го изврши погребот.katolickapregazen

Тие први одговорија на апелите на социјалните мрежи. Бараат дополнителен контакт за да се договорат за формалностите, бидејќи на наведениот број неможе да се добие слободен повик никако.

Претходно се прошири веста дека се потребни скормни донации да му помогнат на неговото семејство полесно да помине низ овој многу тежок период.

Сите оние кои сакаат да му помогнат на неговото семејство треба да отидат во скопската населба Трнодол, каде во близина на куќата на Иван има продавничка каде што има отворена кутија за донации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1