Што се ни украдоа бугарите – највредните артефакти


Реликвиите кои веќе еден век се чуваат во бугарска престолнина се одземени од црквите со образложение „да се заштитат од воените разорнувања“, но по земањето што го иницирал тогашниот директор на музејот Богдан Филов, веќе никогаш не се вратени. Бугарските власти одбиваат каков и да е разговор на таа тема. Сега, сите 65 драгоцености – плаштаници, икони, крстови, ракописи… се прикажани заедно за да најдобро се види непроценливата вредност на овие артефакти кои со векови се наоѓале во македонски цркви и ја јакнале христијанската вера на македонскиот народ. Меѓутоа, сите тие експонати на изложбата се претставени како сопственост на „бугарската охридска архиепископија“, на „бугарскиот народ во Македонија“, во согласност со бугарската политика на негирањето на постоењето на македонскиот народ.B9D63CE90856AF4097682B5348272C60

НАЈВРЕДНИТЕ артефакти

Архиепископска митра
Подарок од Венеција изработен од тамошните златари за охридскиот архиепископ Јосиф (1719-1745), тежок 1,5 килограм чисто злато и украсен со 329 скапоцени камења. Оваа митра подоцна ја носеле сите охридски архиепископи, а се чувала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“.

Седумвековна плаштаница од „Света Софија“
Му била подарена на охридскиот архиепископ од императорот Андроник Втори Палеолг во 1298 година. Изработена е од двослојно платно, извезено со златни и сребрени конци.
plast sv sofija
Покривка со Богородица
Од „Света Софија“ е однесена и покривка со ликот на Пресвета Богородица, подарок од императорот Теодор Kомин и неговата жена Марија на архиепископот Димитар Хаматијан во 13 век.

Вратата на црквата „Свети Никола Болнички“ од 14 век
Двокрилна врата со резби и барелјефи на која се врежани ликови на повеќе животни кои во христијанството се сметаат за чувари. Некои делови се направени во 13-14 век. Се смета за најстар споменик на резбарството.

Иконата „12 Господови празници“ од 12 век
Се чувала во Охрид, не се знае во која црква. Изработена е од лазардит и врамена во дрвена рамка. Има дванаесет празнични сцени од животот на Исус и на Богородица – Благовештение, Роаждество Христово, Сретение, Kрштевање, Влез во Ерусалим, Воскресение…DF9F2C460628F646B143FD2B2BD4AC06

Хроника на Јован Скилица
Всушност, тоа е препис од 13 век на оригиналниот Запис за историјата на Византија, кој познатиот византиски хроничар го создал кон крајот на 11 век и кој се чувал во Охрид. Постојат преписи и во Ватикан, Париз, Виена и Мадрид.

Икона на свети Јован Златоуст
Ликот на овој светител ретко се наоѓа на иконите. Оваа потекнува од крајот на 14 и почеток на 15 век и е во техника темпера на дрво
Икона на свети Kлимент Охридски
Изработена е во 15 или 16 век во техника темпера на дрво, со димензија 35 на 27, и се чувала некаде во југозападна Македонија. Најпозната икона на овој голем светител.319EF5E0DA3C5B4B888D6BBC5C85F79A

Триптих-поменик од Слепченскиот манастир
Датира од четириесеттите години од 16 век и се користел за време на богослужбите. На него се испишани многубројните имиња на достоинствениците кои се спомнувале во литургиите.

Опкова за евангелие од 16-17 век
Направена од ковано сребро со позлата опковата се наоѓала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“ и на неа е претставен мотив на распнувањето на Исус Христос.

Kрстови од 17 век
Резба со повеќе мотиви од животот на Исус Христос во сребрена рамка и со филигрански мотиви.

Kовчеже за подароци од „Свети Наум Охридски“
Направено е во 1833 година во форма на трикатна ротонда и на него се претставени ликови на многу светители.

Сребрено ковчеже
Одземено е, исто така, од манастирот „Свети Наум Охридски“, а датира од 1837 година. Изработено е од сребро во елипсоидна форма со главен мотив на „Оплакувањето на Христос“.

Полилеј од Марков манастир
Полилеј со повеќе мотиви направен во 14 век, како подарок на кралот Волкашин за манастирот. Сега е за првпат реконструиран неговиот целосен изглед.

Сребрена кутија и опкова за мошти
Се чувале во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“, а датираат од крајот на 18 и почеток на 19 век. Сребрената опкова е наменета за черепот на светителката. Матрона и има несекојдневни филигрански работи.

Реликвии од Егејска Македонија

Највредните реликвии кои се одземени од црквите во егејскиот дел на Македонија потекнуваат од манастирот „Света Богородица Kосиница“, во близина на Kавала. Минатата година грчкиот митрополит од Драма побара нивно враќање во Грција, но тоа беше одбиено.

Се работи за икона на Богородица Одигитрија, работена во техника темпера на дрво со сребрена опкова, крст од 1786 година со позлатено сребро, разнобојни стакла, корали… со главен мотив на крштевањето на Исус, друг крст од 18 век, ковчеже за мошти од 1630 година…

Дневник.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1