МПЦ се поднови со глисер вреден 180.000 евра, монасите го возеле без дозвола


Македонската православна црква (МПЦ) ги обучува монасите да возат глисер откако се подновила со супер луксузен пловен објект од марката „STRIDER 8“ кој е долг 8.32 метри и има два мотора, марка „меркјури“ од по 150 КС. Овој пловен објект наменет за висока класа, има потрошувачка од фантастични 150 литри безоловен бензин за еден час или околу 200 евра за еден час.

Пловниот објект е паркиран на пристаништето на хотелот „Бисер“, а монасите наводно земаат часови за обука од вработени од Капетанијата на пристаништата на РМ со седиште во Охрид.

Овој пловен објект на пазарот чини фантастични 180.000 евра. Како увозник се јавува фирмата SIS TRAVEL GROUP.

– Да, имаме информација за овој пловен објект и знаеме дека е во постапка на регистрација. Како увозник се јавува фирмата SIS TRAVEL GROUP, но точно не знам дали е даден само на користење на монасите или е подарок кон МПЦ – вели Капетанот на капетанија Горан Устијановски за Охридскај.

На прашањето како монасите управуваат пловен објект без пловидбена дозвола и се возат во нерегистриран пловен објект, Устијаноски вели:

– Имам информација дека се управувал, но кога ќе ги затекнеме, соодветно ќе ги санкционираме.

Plusinfo.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1