За секое свештено и монашко лице на МПЦ, за кое ќе се утврди дека ја користи социјалната мрежа фејсбук ќе следат санкции. Синодот на последната седница што се одржала пред околу две недели, а на иницијатива на владиката Петар, донел одлука свештениците и монасите да не користат Фејсбук.
Митрополитот на Битолско-Преспанската и на Австралиско-Новозеландската епархија, информира дека тој за неговите епархии одлука за некористење на Фејсбук донел пред три години и дека истата се почитува. За последната одлука, што важи за свештенството од сите епархии на МПЦ , владиката Петар нагласи дека важи од денот на нејзиното изгласување во Синодот. Санкции ќе има , вели митрополитот Петар , но какви треба дополнително да утврди Синодот.
Дел од свештениците што неформално ги анкетираше Канал пет, рекоа дека и досега не биле на Фејсбук или дека не биле информирани за ваквата одлука од Синодот.