РЕАКЦИИ: А ДА ИМ ЗАБРАНЕА НА СВЕШТЕНИЦИТЕ ЏИПОВИ И ДРУГ ЛУКСУЗ?


Забраната за користење „Фејсбук“ меѓу свештениците, монасите и владиците предизвика лавина реакции токму на социјалните мрежи. Граѓани, политичари и други јавни личности  со низа коментари се спротивставија на одлуката на Синодот на МПЦ, донесена на барање на владиката Петар:

pop„Фејсбук – анатема.“

„Едвај чекам да слушнам какви санкции им следат ако не ја почитуваат одлуката.“

„Сакав да ја постирам ‘Болен ми лежи Миле Поп Јорданов’ ама не ми дозволува. Се косело со прописите на МПЦ.“

Ова се само дел од реакциите на корисниците на „Фејсбук“ и на „Твитер“, а бројни коментари граѓаните оставија и на профилот „Европска епархија“, зад кој стои владиката Пимен.

„Да се забранат џипови и луксуз за црковниот врв, а не комуникација на социјалните мрежи.“

„Ова го нема ниту во Ватикан.“

„Простете им не знаат што прават“,

пишува на Фејсбук-профилот на владиката. Како еден од најактивните корисници на социјалната мрежа „Фејсбук“, тој порача дека е против забраната што ја изгласа Синодот. Иако како што рече, не бил присутен на седницата на која се донела ваквата одлука за да и` се спротивстави со својот глас, познати се неговите ставови за придобивките од Фејсбук-комуникацијата. Голем број од останатите свештени лица одбија да ја коментираат забраната, со образложение дека тоа може да и` наштети на нивната позиција во МПЦ.

Верниците пак, кои денеска ги посетија православните храмовси се со поделени мислења. Некои воопшто не се заинтересирани за одлуката, дел пак ја поддржуваат, а дел се против.

Забраната за користење Фејсбук меѓу свештениците, монасите и владиците денеска стана и официјална Во решението што МПЦ го доставила до свештените лица наведен бил и конкретен рок кога најдоцна треба да се исклучат од социјалната мрежа.

Telma

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1