Мрачната тајна на буквата Х во Холивуд


Знакот Холивуд поставен е на брдото над Лос Анџелес 1923 година како реклама. Иако Холивуд не асоцира на ѕвезди, гламур и слава има мрачна страна.

Центарот во кој сите сакаат да учат за филмот и да напраат кариера на големото платно. Многу бројни глумици и старлети дошле во Холивуд како би станале познати, а меѓу нив била и Милицент Лиан (Пег) Ентвистл. Пег како што сакала да биде нарекувана, била родена во Англија 1908 се преселила во Америка во потрага по слава.holivud

Во животот имала само една цел, да стане славна глумица. Иако во круговите на театарот била позната како добра комичарка, таа никогаш не престанала да сонува за вистинската слава. Добила улога во филмот “Thirteen Women“ нејзиниот дел бил исечен во финалната верзија. Потоа се изгубила во морето од убави лица кој доаѓале во “земјата на соништата“.

1932 година глумицата глумицата паднала во тешка депресија заради нејзиниот неуспех. Одлучила да стави крај на бедата и разочарувањата. Посегнала по својот живот.

Таа се упатила накај знакот Холивуд и се качила на буквата Х и скокнала со што си го одземала животот. Другиот ден ја пронашла случајна минувачка која пријавила во полиција. Кај Пег е пронајдено писмо во кое пишувало: Преплашена сум и кукавица сум. Жал ми е за се. Ова да го сторев порано ќе се поштедев од сета болка.

Таа сметала дека Холивуд е виновен заради тоа што не го постигнала посакуваниот успех.

Многу луѓе тврдат дека во близина на знакот Холивуд гледале дух на жена во бела облека.

Пег која била желна за слава сепак ја стекнала, но за жал по нејзината смрт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1