Шишарка му паднала на глава – ја тужи државата поради повредата


Американски воен ветеран, кој вели дека черепот му бил здробен откако врз глава му паднала шишарка тешка 7 килограми од дрвото на еден вид чилеански бор додека шетал  во парк, ја тужи американската влада.

Според судските списи, Шон Мејс, кој служел во американската воена морнарица, тврди дека за неговата повреда на главата е виновна немарноста на вработените во националниот парк каде што ббил повреден и бара 5 милиони отштета од државата.Shisharka

Шишарката од „Бунја“ борот може да порасне до големи размери и да достигне големина на просечна човечка глава. Мејс вели дека се наожал под дрвото на чилеанската араукарија, вид на зимзелено дрво, во националниот парк во Сан Франциско во октомври минатата година кога шишарката му паднала на глава, пренесува „Би-би-си“.

Овој вид на дрво може да порасне до 40 метри височина, а неговата дебелина да достигне пречник од два метра.

Мејс во тужбата наведува дека морал да се подложи на две операции поради повредите на мозокот. Неговиот адвокат вели дека ќе му биде потребна и трета операција.

Боровите „Бунја“ не растат во САД и потекнуваат од Австралија. Судските документи наведуваат дека останал со неповратно когнитивни оштетувања по операцијата, спроведени да се намали отокот предизвикан од внатрешно крварење на мозокот. Воениот ветеран како тужени страни ги навел паркот, американската влада, службата на Националниот парк и Министерството за внатрешни работи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1