Мразот во 60 отсто ресторани содржи повеќе бактерии отколку водата во нивните тоалети.
Научниците го испитале мразот во McDonald’, Burger King, KFC, Starbucks, како и во кафулињата Rougeu и Nando’s, а како причина за таквата состојба го наведуваат почестото чистење на тоалетот од машините за мраз.
Ни еден од најдените примероци не претставувал директна закана за здравјето, но толкаво количество бактерии во рестораните може да се смета за „хигиенски ризик”, наведуваат британските државни лаборатории.
Примероците од McDonald’, KFC, Burger King и Nando’s укажуваат на „сиромашна хигиена” на нивниот мраз, наведуваат од лабораторијата.
Во случајот на Nando’s и Burger King, нивото на бактерии беше повеќе од двојно поголем од она што научниците очекувале да најдат во питка вода.
Резултатите побараа од некои синџири за исхрана да ги преиспитаат своите процедури на чистење, додека две компании ги оспорија откритијата.