Канцеларијата во Чикаго за бизарни медицински испитувања, на својата веб страница започна да објавува фотографии од неидентификувани мртви тела, надевајќи се дека на тој начин, семејствата на починатите, ќе пронајдат корисни информации при пронаоѓањето на нивните блиски. Но, објавувањето на графичките слики низ јавноста беше окарактеризиран како контроверзен потег.
Преку објавувањето на вознемируавчките детални слики на распаднатите трупови, директорот на Кук Каунти медицинскиот испитувач беше искритикуван поради нечувствителност.
На една од фотографиите е забележана 60 годишна азиска жена која беше пронајдена мртва во мај 2011 година. На друга фотографија се гледа трупот на старец со побелена коса кој е мртов од ноември 2010 година.
Неидентификуваните тела се зачувани во ладилници, чекајќи да бидат земени од страна на семејството или пријателите, кои би можеле да ги идентификуваат преку овој веб-сајт.
Заедно со стотици други тела, тие се наредени во контејнери – околу 500 од нив во ладилници со големина за да собере само 300.
„За некои ова е непријатност, но преку нив луѓето ќе можат да ги иднетификуваат своите блиски“, вели медицинскиот испитувач доктор Стив Цина.
Со кликнување на линкот на фотографијата, најпрво излегува предупредување за графичката природа на истата. Во некои сличаи директорот на медицинскиот иследник обезбедува повеќе слики, од телата, или по некои обележја на истите, како на пример тетоважите, по кои полесно би дошло до препознавање.
Има голем број на луѓе кои се водат за исчезнати, па можеби ваквиот начин ќе овозможи за побрз приод во нивната идентификација, вели Регина Онил, една од оние кои што чекала да препознае едно од телата.
Таа смета дека позитивните работи во целиот овој случај ги надминува негативностите.
Во мртовечницата во Чикаго, се наведуваат неколку неидентификувани тела, но, исто така, речиси 50 неподигати, чиј идентитет е познат, но членовите на семејството немаат желба ниту пари да платат за погребот.
Во мртовечницата се држеле трупови кои биле мртви со години. Понекогаш и со децении. Во Филаделфија неидентификувани или неподигнати тела се чуваат најмалку три месеци. Но, кога семејството не може да си дозволи погреб, или пак нема желба да ги зем телата, тогаш за истите се погрижува округот. Во 2011 година, Кук Каунти почна да ги донира неподигнатите тела за научни цели.