Му давале милион долари за да ја избричи брадата – одбил (ВИДЕО)


Бејзбол играчот на Лос Анџелес Доџерс, Брајан Вилсон, одбил милион долари за да ја избриче брадата која претставува негов заштитен знак.

Тој е еден од најпопуларните спортисти во САД, а брадата му е знак за препознавање. Затоа компанијата за жилети „800Рејзорс“ виде голем предизвик да му понуди милион долари за да се избричи со нивниот производ.

brada„Неговата брада е легендарна, а ние сакаме да го покажеме квалитетот на нашите бричеви. Ако успее да ја избричи неговата брада, тогаш брадите на останатите луѓе се лесна работа“, изјави еден од основачите на „800Рејзорс“, со јасна желба да го реализира овој атрактивен маркетиншки трик.

Меѓутоа, само еден ден по овој „непристоен предлог“, на интернет пространството се појави уште поголем јунак од Вилсон. Раководните лица на „800Рејзорс“ треба да го запознаат Фатих Укерими, 23-годишен алжирски кошаркар кој ја има, дефинитивно, најголемата брада меѓу спортистите.

Очигледно овој имиџ стана популарен, а еден од неговите „основачи“ е кошаркарот Џејмс Харден. Пред неколку години беше уникатен, но сега ќе мора да менува нешто ако сака да биде оригинален и понатаму.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1