На Американецот Брус Френсис банката му го блокирала чекот поради „терористичкото“ име на неговото куче.
Одделението за одобрување на трансакции „Чејс бенк“ воочило дека името на неговиот домашен миленк Деш (Dash) е необично слично со арапската кратенка за Исламската држава „Daesh“, и поради тоа чекот на Френсис му го испратиле на дополнителна контрола во министерството за финансии, во секторот за контрола на имотот на странците.
Френсис кој боледува од редок облик на мултиплекс-склероза, и освен за инвалидската количка тој е зависен и од услугите на својот деветгодишен питбул, се изненадил кога банката доцнењето на исплатата на чекот со покритие го објаснила со безбедносна проверка поради сомнителното име на неговото куче -помошник.
Кучето се вика Деш, што на англиски значи полет, елан или интерпункциска цртичка, но Брус најверојатно му го дал ова име за да укаже да темпераментниот карактер на неговиот миленик, чие име сопственикот го запишал во налогот за исплата, за да ја објасни уплатницата за шетачот на неговото куче – помошник.
Чекот бил потврден откако се покажало дека Деш не е на листата на странци чиј имот во САД е блокиран и дека нема врска со меѓународниот тероризам.
Франсис изјавил дека е задоволен што работата била решена и изразил разбирање за постапката на банката иако шетачот на кучето се лутел што исплатата доцни, пренесува телевизијата „Фокс 2“.